СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ
Основачот и фронтмен на музичкиот проект EMIGRANTI, Владко Јакимов, ќе престојува во Македонија во периодот од 26.03.2026 до 10.04.2026.
Во текот на овој период, отворена е можност за интервјуа, гостувања, медиумски разговори, радио и ТВ настапи, како и други форми на соработка со заинтересирани медиуми, новинари, портали, подкасти и културно-музички платформи.
EMIGRANTI е проект со препознатлив авторски израз, создаван и развиван во Обединетото Кралство, со силна врска со Македонија и домашната публика. Во изминатиот период, проектот бележи значајно внимание со актуелни музички изданија и силна реакција од публиката на дигиталните платформи.
Сите заинтересирани медиуми кои сакаат да остварат контакт, да договорат интервју или медиумско гостување, можат да се обратат на:
Email: emigrantimusic@yahoo.com
Со Почит
EMIGRANTI


Емигранти - Ноќи Долги
Емигранти - Супермен